ЗдравјеИндија
Корона-хигиена во лифт
5 август 2020Реклама
Куќниот совет на една станбена зграда во индиската метропола Мумбаи со навистина досетливо решение за превенција на ширењето на коронавирусот се грижи за почитување на правилата за хигиена во лифтот на зградата.
Сунѓер на кој се забодени дрвени чепкалки за заби е залепен во внатрешноста на лифтот. Секој кој влегува во лифтот треба со чепкалката да го притисне копчето на катот на кој треба да оди. Чепкалките се разбира се за само една употреба.