1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Фотографија на денот: Карневалски спектакл во Рио

СН/ агенции
13 февруари 2018

Два дена на прочуениот Самбадром траеше дефилето на најдобрите самба училишта во Рио Де Женеиро. Парадата која има натпреварувачки карактер е централен момент на карневалот во Рио Де Женеиро.

https://p.dw.com/p/2sZrn
Rio de Janeiro, Karneval in Brasilien
Фотографија: picture-alliance/dpa/L.Correa

Најголемата забава на светот. Така домаќините гордо го нарекуваат својот прочуен карневал. Во Рио де Женеиро за карневалот годинава се очекуваат 6 милиони посетители, меѓу нив 1,5 милиони туристи. Зенитот на карневалските прослави е парадата на елитните самба училишта, која во изминатите два дена се одвиваше пред 72 илјади гледачи на прочуениот карневалски стадион- Самбадром.