1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Карневал по Велигден

СН/дв
18 април 2022

Самба, луди костими и бурни забави: поради бранот на сојот Омикрон на коронавирусот, уличниот карневал во Рио годинава мораше повторно да биде откажан. Но, сега радоста се враќа во бразилската метропола.

https://p.dw.com/p/4A3eE
BdTD Brasilien Rio de Janeiro Karneval
Фотографија: Bruna Prado/AP/dpa/picture alliance

Веројатно најпознатиот карневал во светот најнапред поради пандемијата мораше да биде откажан во 2021 година. Годинава пак во јануари, поради зголемениот број на ковид случаи предизвикани од сојот Омикрон, уличниот карневал во Рио де Женеиро повторно беше откажан. Сепак, плановите за легендарните поворки во Самбодром опстојуваа. Таму, имено полесно се спроведуваат контроли за заштита од инфекција. Сега прочуенатра парада на школите за самба ќе се одржи на празникот Тирадентес на 21 април. Подготовките на школите за самба се во полн ек а жителите на градот се пресреќни дека повторно ќе можат да бидат дел од „најголемата забава во светот“.