1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Капење во ледени езерски води на Водици

ЖА
19 јануари 2022

Традицијата на многумина им налага на Богојавление да се искапат во ледена вода. Овие православни верници во Вилнус тоа го направиле уште ноќеска, по полноќ

https://p.dw.com/p/45jCU
BdTD | Litauen Vilnius | Dreikönigsfest | Baden in Eiswasser
Фотографија: Mindaugas Kulbis/AP/picture alliance

Православните христијански верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, во спомен на денот кога Јован Крстител на реката Јордан го крстил Исус Христос.

Ширум С. Македонија на овој ден црковните свештеници го извршуваат големиот водосвет, во реките и водите се фрлаат крстови, а се верува дека оној што ќе го фати светиот крст, ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Водата, која на Водици ја осветува свештеник, до празникот во следната година се смета за света и лековита. Овие православни верници во Вилнус, Литванија, се нурнале во ледената езерска вода уште ноќеска, веднаш по полноќ.