1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Илјадниците тапани во Сан Себастијан

СН/дв
22 јануари 2020

Се собираат еднаш годишно во јануари, и ги има илјадници од сите возрасти, маршираат и удираат во тапаните најсилно што можат.

https://p.dw.com/p/3WcpE
BdTD Spanien La Tamborrada
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Barrientos

„Ла Тамборада“ е фестивал во чест на заштитникот на Сан Себастијан, градот во шпанската провинција Баскија. Со него им се оддава почит и на храбрите Баскијци кои со силно тропање на тавчиња и тенџериња некогаш одамна ги исмевале окупаторските трупи на Наполеон. Така за време на фестивалот покрај униформирани дечиња како на оваа #ФотографијаНаДенот, низ градот маршираат и костимирани перачки и готвачи.