1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Илјадници луѓе против омразата во Германија

21 февруари 2020

Илјадници луѓе ширум Германија вчеравечер им оддадоа почит на жртвите во нападот во Ханау.

https://p.dw.com/p/3Y6k1
Stuttgart | Nach Schüssen in Hanau - Gedenken der Opfer
Фотографија: picture-alliance/dpa/Zuma/S. Babbar

Собири на граѓани, политичари и претставници на црквите имаше во повеќе од 50 градови во земјата. На нашата #ФотографијаНаДенот е прикажан собирот во Минхен. Сојузниот претседател Франк-Валтер Штајнмајер нападот го оцени како брутален терористички акт и повика на отпор против говорот на насилство и омраза. Во Ханау во средата вечерта еден напаѓач уби девет луѓе и повреди повеќемина во два шиша-барови. На крајот 43-годишниот осомничен ја убил мајка си, а потоа и се самоубил.