1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Илуминација на Келнската катедрала против омраза

27 септември 2018

Во знак на сеќавање на крајот на Првата светска војна пред 100 години, Катедралата во Келн деновиве е осветлена со подвижни слики

https://p.dw.com/p/35YYM
Deutschland Illumination am Kölner Dom
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Vennenbernd

Под мотото  „Dona nobis pacem" (Дајте ни мир) јужната фасада на Катедралата во Келн, на нашата #ФотографијаНаДенот, од вчера до 30.09.2018 секој ден по 20 часот е осветлена од бројни рефлектори кои прикажуваат слики на бели крстови или поими како пријателство, толеранција, сочувство и заедништво. Илуминацијата е дело на уметниците Детлеф Хартунг и Георг Тренц. Мировната порака претставува истовремено знак против омразата и подбуцнувањето и во денешно време. Во непосредна близина на Келнската катедрала, на крајот на Првата светска војна во 1918. година преку мостот Хоенцолен назад кон исток се повлекле стотици илијади германски војници од боиштата во Белгија и Франција.