1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И рибите се бакнуваат

СН/агенции
6 јули 2019

Денешниот 6 јули се одбележува како Меѓународен ден на бакнежот. Кај луѓето, бакнежот е израз на љубов. Се бакнуваат и животните. Но, не секогаш од љубов...

https://p.dw.com/p/3Lebo
Global Ideas küssende Tiere Gurami
Фотографија: picture-alliance/dpa/Imaginechina

На оваа #ФотографијаНаДенот направена во еден аквариум во кинескиот град Нанџинг може да се види жешкиот бакнеж на две риби од видот Гурами.  Бакнувањето е сосема нормална појава кај овој вид риби, но во борбата меѓу два ривала. Противниците си ги притискаат усните сѐ додека некој не се откаже и избега. Во Кина овие риби со задоволство се поклонуваат за Свети Валентин.