Змејовите ќе мируваат поради вирусот од Вухан
24 јануари 2020Во Сингапур каде што е направена оваа #ФотографијаНаДенот кинеската Нова Година се прославуваше однапред деновиве со танц на змејови и лавови. Самиот дочек е вечер (24-ти кон 25-ти јануари) во локално време со традиционален огномет. Засега нема најави дека ќе бидат откажани прославите и покрај тоа што денеска во Сингапур се регистрирани два нови случаи на вирусот кој потекнува од кинескиот град Вухан, со што вкупниот број заразени се искачи на три.
Повеќе:
-Стравот од корона-вирусот го претвори Вухан во град на духови
-Фотографија на денот: Вонредна состојба во Вухан
-Прва жртва од мистериозната болест на белите дробови
Во Кина, пак, властите ги забранија масовните прослави на Новата Година, во обидот да го запрат ширењето ан заразата. Карантините се проширани на најмалку 10 градови во кои живеат повеќе од 33 милиони луѓе. Од вирусот кој предизвикува болест на белите дробови досега се заразени 830 луѓе а починаа 25, главно во Вухан.