1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Змејовите ќе мируваат поради вирусот од Вухан

СН/дв
24 јануари 2020

Често прославите за дочекот на кинеската Нова Година започнуваат веќе неколку денови порано. Годинава поради заканата од новиот коронавирус во многу места пред сѐ во Кина тоа ќе останат и единствените прослави...

https://p.dw.com/p/3WkPw
BdTD Singapur Drachentanz mit Feuerwerk
Фотографија: Imago Images/Xinhua/Then Chih Wey

Во Сингапур каде што е направена оваа #ФотографијаНаДенот кинеската Нова Година се прославуваше однапред деновиве со танц на змејови и лавови.  Самиот дочек е вечер (24-ти кон 25-ти јануари) во локално време со традиционален огномет.  Засега нема најави дека ќе бидат откажани прославите и покрај тоа што денеска во Сингапур се регистрирани два нови случаи на вирусот кој потекнува од кинескиот град Вухан, со што вкупниот број заразени се искачи на три. 

Повеќе:

-Стравот од корона-вирусот го претвори Вухан во град на духови

-Фотографија на денот: Вонредна состојба во Вухан

-Прва жртва од мистериозната болест на белите дробови

Во Кина, пак, властите ги забранија масовните прослави на Новата Година, во обидот да го запрат ширењето ан заразата. Карантините се проширани на најмалку 10 градови во кои живеат повеќе од 33 милиони луѓе. Од вирусот кој предизвикува болест на белите дробови досега се заразени 830 луѓе а починаа 25, главно во Вухан.