1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Зимски пејзаж на првиот пролетен ден

20 март 2018

Календарски, денеска всушност започнува пролетта, но времето низ речиси цела Европа ни оддалеку не е пролетно.

https://p.dw.com/p/2uc40
Eislandschaft
Фотографија: picture-alliance/dpa/S.Sauer

Германија исто така е цврсто во зимска прегратка - на #ФотографијаНаДенот го гледате во мраз окованиот мост во туристичкото одморалиште Герен, на островот Риген во покраината Мекленбург-Предна Померанија, ден пред официјалниот почеток на пролетта. Метеоролозите велат дека ова не е ништо невообичаено, на неколкугодишни циклуси времето знае да изненади и пролетта малку да задоцни.