1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зимска бајка на финското небо

СН/агенции
28 јануари 2021

Аурора Бореалис е сон на многу посетители на крајниот север на Финска. Поларните светла се појавуваат неочекувано и по кратко време повторно исчезнуваат. Условите за поларни светла во моментов се идеални.

https://p.dw.com/p/3oVbP
BdTD Finnland Nordlicht
Фотографија: Alexander Kuznetsov/REUTERS

Зимска бајка на финското небо

Аурора Бореалис е сон на многу посетители на крајниот север на Финска. Поларните светла се појавуваат неочекувано и по кратко време повторно исчезнуваат. Условите за поларни светла во моментов се идеални.

Речиси секоја втора јасна ноќ меѓу септември и март може да се видат поларните светла во северна Финска. Небескиот спектакл настанува на висина од повеќе од 100 километри од атмосферските гасови кои се придвижени од соларните ветрови. Но, како што одненадеж се појавуваат,  така светлата ненадејно и исчезнуваат.