1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Запознајте го Џингис Кан

СН/ агенции
13 април 2018

Кога ќе порасне ќе тежи дури до еден тон. Сега меѓутоа е само бебенце и тоа со многу ретка бела боја на крзното.

https://p.dw.com/p/2vyBG
BdT Kleiner weißer Kamelhengst
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner

Се роди годинава на Велики петок и тоа во Германија. Го доби името Џингис Кан и е главен протагонист на оваа #ФотографијаНаДенот. Овој негов фото-портрет е направен деновиве во една штала во фармата за камили Штернбергер Бург во близина на германскиот град Шверин. Малото бело камилче му припаѓа на родот на големи камили, кои може да тежат и до еден тон.