1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Запалени светлата на најпознатото божиќно дрво во светот

2 декември 2021

Со традиционалното палење на повеќе од 50.000 сијалички на веројатно најпознатото божиќно дрво во светот, во Њујорк официјално започна божиќната сезона.

https://p.dw.com/p/43im3
USAI Weihnachtsbaum I Rockefeller Center Christmas Tree
Фотографија: John Minchillo/AP/picture alliance

Спектаклот на палење на сијаличките на божиќното дрво пред центарот Рокфелер минатата година беше без публика поради пандемијата. Годинава на Менхетен имаше публика, но во ограничен број. На шоуто, кое беше пренесувано на телевизија, настапија и музички ѕвезди како Кери Андервуд, Роб Томас и Нора Џонс.

Палењето на сијаличките во ваква форма во Њујорк се изведува од 1930-тите. Спектаклот се смета за една од најомилените традиции на жителите на Њујорк. Годинава божиќното дрво е високо околу 25 метри, а доаѓа од сојузната држава Мериленд. На врвот на дрвото има ѕвезда тешка околу 400 килограми, дизајнирана од познатиот дизајнер Даниел Либескинд. Претходно, за ѕвездатадолги години беше задолжен германскиот уметник Михаел Хамерс.