1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Заеви на балот во Виена

ЕМФ
1 март 2019

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена на Оперскиот бал во Виена. На фотографијата - Зоран и Зорица Заеви заедно со своите домаќини, австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговата животна придружничка Сузане Тиер.

https://p.dw.com/p/3EI1E
Österreich Zoran Zaev zu Gast bei Sebastian Kurz beim Opernball in Wien
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Gruber

Себастијан Курц изјави дека вечерта е извонредна, а особен впечаток му оставила светската оперска ѕвезда Ана Нетребко. Таа го отвори балот со „Бакнеж“ на Луиџи Ардити, а потоа со сопругот Јусуф Ејвазов ја испеа „О, слатко девојче“ од операта Боеми на Џакомо Пучини.

Оперскиот бал во Виена е општествен настан број еден во Австрија. Годинава на спектаклот беа поканети 5000 гости, а булеварскиот печат во Австрија тврди дека се испиле 1300 шишиња Шампањ и други пенливо вино.