1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Фотографија на денот: Елките доаѓаат

16 ноември 2019

Божиќните елки пристигаат! На нешто повеќе од еден месец пред Божик, елки се поставуваат во центрите на речиси сите поголеми градови во Германија.

https://p.dw.com/p/3T8y3
Bdt mit Deutschlandbezug l Aufrichten des Weihnachtsbaums in Erfurt
Фотографија: picture alliance/dpa/M. Schutt

Оваа елка е висока 22 метри и ќе го краси божиќниот панаѓур во Ерфурт.

Во Германија во тек е голема дискусија околу се’ пораното отворање на божиќните панаѓури. Наместо на неколку дена пред почетокот на декември, тие оваа година некаде почнаа да се отвораат уште во првата половина на ноември. Поради тоа, црквите критикуваат, а градските управи се бранат дека само реагираат на побарувачката на граѓаните.