1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Фотографија на денот: Електроскутерите доаѓаат

ЕМФ
4 април 2019

Електроскутерите се во тренд и наскоро би требало да се возат сосема легално и на германските улици.

https://p.dw.com/p/3GDOw
City Mobilität durch E-Scooter
Фотографија: picture-alliance/dpa/N. Armer

Германската влада донесе соодветна уредба, која за да стапи во сила треба да добие зелено светло и од Бундесратот. Малите превозни средства би требало да предизвикаат миниреволуција во сообраќајот, односно да го направат „пошарен“. Електроскутерите тешко дека ќе ги загреат срцата на љубителите на брзината, но затоа овозможуваат стигнување до одредена дестинација без стоење во колони. Со е-скутер, кој не вози побрзо од 12 км на час, според предвиденото, би требало да може да се вози на тротоари, патеки за велосипеди и зони за пешаци. Дозвола за возење електроскутери би требало да се издава на лица постари од 12 години, доколку се вози до 12 км на час и на лица постари од 14 години доколку брзината е поголема.