1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Екстремни горештини

ЕМФ
3 август 2018

Делови од Европа се „топат“ поради огромните температури

https://p.dw.com/p/32YtZ
BdT | Hochsommer am Ostseestrand
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Scholz

Во Германија неделава е забележан рекордно најтоплиот ден ова лето - 39,5 степени и, како што стојат работите, разладување не е на повидок. За денеска се најавува нов екстремно топол ден, а така ќе биде и за време на викендот. Италија вклучи аларм за предупредување, а во Португалија на граѓаните им се препорачува да излегуваат на отворено во текот на викендот.

Зовриен е не само воздухот, туку и водата. Балтичкото Море достигна температура речиси како Средоземното. Неговиот брег е преполн со туристи, а на плажите,  како што докажува и нашата #ФотографијаНаДенот, нема каде игла да се фрли.