1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Една свеќа за секоја жртва од Ковид-19

СН/дв
18 април 2020

Повеќе од 4.000 луѓе починаа досега во Германија од последиците на Ковид-19. Побожна католичка од Тирингија сега за секоја жртва запали по една свеќа во нејзината градина - исто така во знак на протест.

https://p.dw.com/p/3b6BL
BdTD Zella-Mehlis Kerzen zum Gedenken an fast 4000 Coronavirus-Opfer in Deutschland
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Meyer

Илјадници свеќи светат во градината на Гертруд Шоп: 60-годишната католичка од од едно мало место во германската покраина Тирингија со секоја свеќа сака да ги потсети на жртвите од коронавирусот во Германија.

Кон средината на март таа започна со околу 150 свеќи, во меѓувреме повеќе од 4.000 свеќи светат на нејзиниот имот.

Со оваа акција таа изразува и незадоволство од забраната за јавни богослужби во Германија, која е во сила веќе еден месец, како дел од рестрикциите воведени во борбата против ширењето на заразата.

Повеќе:

-Германија: Кризата со коронавирус стана совладлива

-Корона во Германија - сега станува компликувано

-Меркел ги најави првите олеснувања на карантинот

Собирање на верници во католичките и протестантските цркви не беше возможно ниту за време на велигденските празнувања во минатата недела, за што во моментов пред Велигден се води жестока јавна расправа во Македонија, во која патем кажано ограничувањата на јавниот живот поради коронавирусот, освен во овој сегмент, се далеку поригорозни отколку во Германија. 

Повеќе:

-Најтажниот ден и најдолгиот карантин

-Православниот Велигден под диктат на короната

Забраната за богослужби во црквите, џамиите и синагогите во Германија е продолжена до 3 мај, но во моментов властите се во интензивни консултации со верските заедници за тоа како постепено да се олабават рестрикциите.