1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Дојде зимата

22 декември 2021

Астрономите имаат пресметано точно - зимата дојде вчера попладне во 16:58 часот.

https://p.dw.com/p/44g1i
BdTD Niederlande | Winterwetter
Фотографија: JEFFREY GROENEWEG/ANP/AFP/Getty Images

Времето на настапување на зимата се менува секоја година по малку. Понекогаш, меѓутоа, таа разлика може да изнесува и цел еден ден. На пример, за две години, зимата на северната полутопка ќе дојде дури во раните утрински часови на 22 декември.

Настапувањето на зимата е на денот кога има најмалку светло во годината. Но, веќе од денеска повторно станува малку посветло, а сонцето се искачува секој ден малку повисоко на хоризонтот. На фотографијава е „уловен“ првиот зимски ден во Оуделанд ван Стрејен, Холандија.