1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаКина

Дооолга редица

СН/дв
21 јули 2020

Кога Епл некаде отвора или презентира нешто ново, може со сигурност да се очекуваат долги редици- а посебно сега во период на пандемија со неопходните правила за одржување на физичко растојание.

https://p.dw.com/p/3fd8f
Bild des Tages I BdT I Eröffnung des Apple Stores in Peking
Фотографија: Getty Images/K. Frayer

Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во Пекинг, каде многу фанови на производите на американскиот технолошки гигант Епл и покрај пандемијата на коронавирусот едноставно не сакаа да го пропуштат отворањето на новата продавница во населбата Санлитун. Влез во продавницата беше можен само со физичка дистанца, заштитна маска и измерена телесна температура. Колку долго, тогаш, мораше да чека последната личност во редицата?