Наука
Фотографија на денот: Домати во вселената
4 декември 2018Реклама
Германскиот сателит за тестирање оранжерии во вселената Еукропис беше лансиран од воена база во Калифорнија. Тој носи два биолошки системи за одржување живот. Мисијата на Еукропис би требало да резултира со раст на мали вселенски домати и да донесе важни сознанија за снабдувањето со храна на астронаутите во текот на некои идни долгорочни мисии на Месечината и на Марс. Сателитот е изграден од Германскиот вселенски центар ДЛР и универзитетот Ерланген-Нирнберг.