1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Фотографија на денот: Добредојдовте во иднината

ЕМФ
15 септември 2017

На #ФотографијаНаДенот позира роботот Пепер. Тој во новиот Футуриум во Берлин на посетителите ќе им ги објаснува големите колажи во изложбениот простор.

https://p.dw.com/p/2k1Cv
Futurium-Bau im Berliner Regierungsviertel BdT
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bernd von Jutrczenka

Футуриум треба да го разбуди интересот за иднината и да ги поттикне луѓето да учествуваат активно во нејзиното обликување. Преку различни изложби и манифестации ќе се работи на сценарија за животот во иднина и ќе се покажува какви можности нудат истражувањата и иновациите. Футуриумот се наоѓа до Министерството за образование и наука, кое е и негов основач, а меѓу основачите се вбројуваат и голем број фондации и индустриски претпријатија.