1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Диносауруси на аукција

СН/ агенции
12 април 2018

Речиси целосните скелети на два вида диносауруси: алосаурус и диплодокус беа ставени на јавно наддавање во француската аукциска куќа Друот во Париз. Цената која ја постигнаа ги изненади и воодушеви и самите продавачи.

https://p.dw.com/p/2vtv9
Frankreich Dinosaurier Auktion in Paris
Фотографија: Getty Images/AFP/S. de Sakutin

Друот ги опиша како „извонредни“ цените постигнати за двата скелета. Имено тие беа продадени за повеќе од 1,4 милиони евра, секој посебно. Аукциската куќа не го соопшти идентитетот на купувачот но истакна дека станува збор за наддавач од странство. На оваа #ФотографијаНаДенот во преден план е  скелетот на „помалиот“ алосаурус, додека зад него е оној на диплодокусот.  Пазарот на фосили во светот доживува вистински бум и повеќе не е само „резервиран“ за научниците.