1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Дигитална фискална сметка

ЕМФ
22 февруари 2020

Влегувате, купувате, сметката ја добивате на апликација - тоа е иднината на купувањето, или барем така се надеваат фирмите кои на германскиот пазар вадат апликации за дигитални фискални сметки.

https://p.dw.com/p/3YB2A
Deutschland BdT digitaler Kassenbon
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Schuldt

Проблемот е само што има многу различни апликации во тест фаза, па решението засега не е баш идеално. „Да создадеме норма која ќе ни биде од полза на сите“, бара Амир Карими, раководител на фирмата А&Г во Бремен, која има развиено апликација со која муштериите ги добиваат сметките на мобилниот телефон, а која треба да почне да се употребува од мај.

Повеќе од половина од граѓаните во Германија имаат негативен став кон фискалните сметки од хартија. Според најновото истражување на YouGov, 56 проценти од испитаниците биле против законската обврска за издавање фискални сметки дури и за најминимални суми, која беше воведена во јануари. Образложението на повеќето е дека со тоа се создава многу отпад и тоа ја оптоварува животната средина. Освен тоа, многу од испитаниците не се убедени дека обврската за сметки спречува затајување на данок во голем стил. Граѓаните пак кои сметаат дека законската обврска за фискални сметки е сосема исправна се уверени дека ползата од тоа е многу поголема отколку негативните страни, како создавањето отпад.