Фотографија на денот: Денови на жалост
14 февруари 2019Реклама
Премиерот Зоран Заев доцна вчеравечер соопшти дека животите ги загубиле 14 луѓе, од кои седум на местото на несреќата.
Причините за несреќата сѐ уште не се утврдени, а истрагата е во тек. „Автобусот поминал директно на спротивната страна, ја поминува спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината“, изјави премиерот, соопштувајќи детали за несреќата и додавајќи дека интервенциите на сите институции, вклучително и полицијата и болниците, биле брзи и дека на располагање биле ставени сите ресурси.