Ден на таткото
10 мај 2018Четириесет дена по Велигден, христијаните го слават празникот Христово вознесение, „конечниот премин на човечката природа на Исус во божествената величественост“. Според Библијата, Исус Христос пред очите на неговите следбеници бил обвиткан од облак и однесен на небото.
Во Германија во 17. век празникот почнал полека да го губи религиозното значење и да се претвора во „машко тајане“, со обилно консумирање на алкохол. Од 19. век во одделни градови на овој ден се организираат машки излети во природа, каде женско присуство не е пожелно. Во поново време овој ден, во Германија државен празник, е познат и како Ден на таткото, пандан на етаблираниот Ден на мајката. На #ФотографијаНаДенот: група мажи во Ремшајд со чашка ракија наздравуваат за „својот празник“.