1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Дедомразовска трка во Лондон

ЕМФ
3 декември 2018

Викторија парк во Лондон: илјадници Дедомразовци се загреваат за трката која по десетти пат се одржа во главниот град на Велика Британија.

https://p.dw.com/p/39Ior
BdTD London Santa Run
Фотографија: Reuters/P. Nicholls

Трката е во добротворни цели, а учесниците, кои донираат средства за хуманитарни организации, имаат можност да одберат дали ќе трчаат еден круг од 5 километри, или два круга. Во Велика Британија во меѓувреме вакви трки на Дедомразовци се одржуваат и во Ливерпул, Белфаст, Хартлпул, Данди, Батервик.