Дедо Мраз почна со работа во Химелпфорт
13 ноември 2021Пристигна на електро-велосипед, сосема во духот на времето, и веднаш се фати за работа - од овој викенд сѐ до Божик, Дедо Мраз во својата канцеларија во Химелпфорт ќе одговара на детските писма. Поради пандемијата, за жал, годинава нема да може да се влезе во неговата канцеларија, но затоа неговата работа може да се набљудува преку прозорец.
Во Химелпфорт, Германија, секоја година пристигнуваат илјадници писма од деца. За да одговори на сите ДедоМраз годинава има 20 помошници. А, писмата кои децата ќе ги добијат од Дедо Мраз како одговор ќе имаат не само специјален печат, туку ќе бидат напишани и на рециклирана хартија.
Химелпфорт е најголемата од седумте божиќни филијали во Германија. Минатата година тука пристигнаа 320.000 писма од деца од 62 земји во светот. За одговорот од Дедо Мраз да стигне навреме, писмата во Химелпфорт мора да пристигнат најдоцна до третиот Адвент (12 декември).