Големи ерупции на Стромболи
4 јули 2019Реклама
Изгледа спектакуларно, но како и секоја голема вулканска ерупција така и овие последните на Стромболи во прв ред значат голема опасност. Еден турист од Сицилија кој се искачувал на вулканот загинал откако бил погоден од камења кои биле исфрлени во воздухот по ерупцијата.
900 метри високиот вулкан Стромболи на истоимениот остров припаѓа кон најатктивните вулкани во светот, Тој се наоѓа на околу 100 километри северно од брегот на Сицилија. Само околу 500 луѓе живеат постојано на островот, меѓутоа секое лето доаѓаат и многу туристи.