Глобални ученички протести за заштита на климата
16 март 2019Демонстранции кои се одржаа под мотото „Петоци за иднината“ имаше во преку 120 земји. Учениците апелираа до одговорните навистина да дејствуваат против климатските промени, предупредувајќи ги дека со недејствување ја уништуваат нивната иднина.
Повеќе:
-Петоци за иднината: протести на ученици во речиси 100 земји
Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во Монтреал, Канада, каде се одржа еден од најмасовните протести во рамките на глобалниот ученички штрајк за климата инспириран од протестот на 16-годишната ученичка од Шведска Грета Турнберг. Таа од овгуст минатата година секој петок излегува на протест пред зградата на парламентот во Стокхолм и бара од владата намалување на емисиите на штетни гасови. Во глобалната акција се приклучија и младите од Скопје.