1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: „Гаражи“ за детски колички

26 јануари 2018

Сѐ поголем број станбени заедници во покраината Саксонија се одлучуваат за поставување посебни боксови со можност за заклучување пред зградите, во кои можат да се сместуваат детските и инвалидските колички.

https://p.dw.com/p/2rXgM
BdT mit Deutschlandbezug 25.01.2018
Фотографија: picture alliance/dpa/J. Woitas

Детските колички обично стојат во ходниците и претсобјата и често го попречуваат движењето на станарите. За да се спречи тоа, сѐ поголем број станбени заедници во германската покраина Саксонија се одлучуваат за поставување посебни боксови со можност за заклучување пред зградите, во кои можат да се сместуваат детските и инвалидските колички. На #ФотографијаНаДенот: детска количка пред ваква „гаража“ во Лајпциг.