1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Вулканот Раикоке од вселената

27 јуни 2019

Ерупцијата на вулканот Раикоке висока повеќе километри е добро видлива од вселената.

https://p.dw.com/p/3L9Uj
BdTD Vulkan Kuril Island
Фотографија: Reuters/NASA

Вулканот се наоѓа на истоимениот ненаселен Курилски острв, во близина на Јапонија. Кратерот има дијаметар од околу 700 метри. Под огромниот облак од чад и гас се гледа вода која испарува. Оваа спонтана „астро-фотка“ на Земјата ја испратија астронаутите од вселенската станица ИСС.