Фотографија на денот: Втор круг претседателски избори
5 мај 2019Реклама
Во трка во вториот круг од претседателските избори се Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата, и Гордана Сиљановска Давкова, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Се гласа на 3.480 избирачки места, а право на глас имаат 1.808.131 граѓани. Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот. Изборите ги следат над три илјади домашни и над 500 странски набљудувачи.