1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Во светот има уште милиони неписмени луѓе

8 септември 2018

УНЕСКО на денешниот Меѓународен ден на писменоста предупредува: во светот има најмалку 750 милиони аналфабети.

https://p.dw.com/p/34WYA
Buchstaben Suppe Teller
Фотографија: Fotolia/Yantra

8. септември е Меѓународен ден на писменоста, на што е посветена нашата денешна #ФотографијаНаДенот. УНЕСКО и оваа година потсетува: способноста за читање и пишување е основен предуслов за самостоен живот во сите сфери на животот. Но, оваа можност им е ускратена на најмалку 750 милиони луѓе во светот, од кои две третини се жени, а 102 милиони се деца. Бројот на аналфабети во однос на изминатата година речиси воопшто не е намален