1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Во редица за на училиште

7 октомври 2020

Фотографијата од птичја перспектива е направена во сириската провинција Идлиб, во камп за внатрешно раселени лица во Марат Мисрин.

https://p.dw.com/p/3jXRN
BdTD Syrien Schulbeginn im Flüchtlingslager
Фотографија: Omar Haj Kadour/AFP/Getty Images

 Деца бегалци чекаат во редица за да влезат во своите училници, кои всушност се шатори пренаменети за настава.

Според податоци на Обединетите нации, во границите на Сирија во бегство се повеќе од 6,6 милиони луѓе, од кои речиси половината се деца. И покрај прекинот на огнот договорен во март годинава, животот на луѓето во Сирија е и натаму многу загрозен. Се’ уште има своеволни апсења, измачувања, насилство врз жени и девојчиња и целни убиства, соопштија ОН во септември.