1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Во Пекинг отворен најголемиот аеродром во светот

25 септември 2019

Неколку дена пред 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина, кинескиот претседател Ши Џингпинг со свечена церемонија го отвори новиот мега аеродром во Пекинг.

https://p.dw.com/p/3QCRN
Flughafen Peking-Daxing
Фотографија: picture-alliance/dpa/Bildfunk/PA Wire/Zuma/S. Shaver

Аеродромската зграда со 700.000 квадратни метри е најголема во светот. Аеродромот до 2021 година ќе може да прима до 45 милиони патници годишно, а за во иднина има предвиден капацитет од 100 милиони патници годишно. Трошоците на изградбата изнесуваат околу 15 милијарди евра. Иако станува збор за најголемиот аеродром во светот, истиот е дизајниран на таков начин што ниту еден патник нема да мора да оди повеќе од осум минути за да стигне до некој терминал. Аеродромот е дело на британско-ирачкиот светски познат архитект Заха Хадид, починат во 2016 година. Во приземјето се наоѓа железничка и станица за градски сообраќај, преку кои патниците за 20 минути можат да стигнат до центарот на Пекинг.