1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вирусот и Ѕидот

СН/агенции
11 февруари 2020

Бројот на заразени но и на починати луѓе од последиците на новиот корона-вирус во Кина и натаму расте.

https://p.dw.com/p/3XZyJ
BdT: Frau mit Maske auf der Chinesischen Mauer
Фотографија: Reuters/C. Garcia Rawlins

Според последните официјални информации бројот на лица кои починале од вирусот је премина бројката од 1000. Инфицирани се близу 43000. Во борбата против вирусот, Кина и натаму ги заострува мерките за спречување на ширење на заразата. Во фокусот на напорите е градот Вухан од каде потекнува новиот вирус и каде од вчера на жителите со симптоми на треска дозволено им е да бараат медицински третман единствено во болниците и амбулантите во населбите во кои живеат.

Повеќе:

-Корона-вирусот е опасен за кинескиот државен апарат

-Смртта на докторот-свиркач ја крена на нозе кинеската јавност

-„Едно јадење, но молам без корона-вирус“: Дискриминација на Азијците во Германија?

И во останатите кинески градови во моментов ретко кој шета по улиците, а и кога шета, заштитната маска за лице е речиси обврзувачка.  Жената на оваа #ФотографијаНаДенот во една станица на подземната железничка во Пекинг проаѓа покрај постер на Кинескиот ѕид, кој е затворен за посетители од избувнувањето на корона-вирусот.