1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Фотографија на денот: Вештерките од Тале

30 април 2020

Ноќта помеѓу 30 април и 1 мај е Валпургиска ноќ. Во Харц, Германија, илјадници луѓе вобичаено се собираат на панаѓури околу планината Брокен, се палат огнови и се танцува. Но, не и годинава.

https://p.dw.com/p/3baY8
BdT Harzer Hexen aus Thale
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Bein

На Валпургиската ноќ е обичај да се има костум на вештерка или ѓавол. Првата организирана прослава на Валпургиската ноќ датира од 1896 година. Така се прославува доаѓањето на пролетта. Но, годинава, поради пандемијата на коронавирусот сите собири се откажани. Властите најавија строги контроли.

Градот Тале, во источен Харц, каде на Плоштадот на вештерките вообичаено се одржува најголемата прослава, најави дека се’ се одлага до наредната година на 30 април. Сепак, имало прослава или не, и годинава Пеги Фидлер од работилницата во Тале која произведува кукли вештерки ги прикажува гордо фигурите од рачна изработка. Традицијата си е традиција.