1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Вампирските птици на Галапагос

ЕМФ
25 октомври 2018

Малата вампирска сипка пие крв од галапагоскиот албатрос - момент кој го овековечи фотографот Томас Пешак.

https://p.dw.com/p/377Bu
2018 Wildlife Photographer of the Year | Thomas P Peschak, Deutschland/Südafrika
Фотографија: Thomas P Peschak, Germany/South Africa

Оваа фотографија годинава е победник во категоријата „Однесување на птиците“, за наградата на Најдобри фотографи на животот во дивина 2018.

На галапагоскиот остров Вулф Ајленд има толку малку храна, што сипките пијат крв од други животни, меѓу нив и галапагоските албатроси. Ако може да се суди според однесувањето на албатросот, кој на фотографијата изгледа сосема мирен, се чини целата процедура и не му пречи којзнае колку. „Видов повеќе од половина дузина сипки кои пијат крв од еден ист албатрос“, вели фотографот Томас. Албатросите не сакаат да ги остават своите јајца, па ги толерираат вампирските птици, а губењето крв се чини не им остава трајни последици.