1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Болна шлаканица

СН/агенции
9 јуни 2021

Претседателот Емануел Макрон, долго примаше изрази на поддршка од загрижените граѓани, откако еден Французин му удри шлаканица за време на неговата посета на југоисточна Франција.

https://p.dw.com/p/3ucBG
Frankreich Präsident Macron wurde ohrfeigt in Tain l'Hermitage
Фотографија: Philippe Desmazes/AP Photo/picture alliance

Еден Французин му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон, за време на неговата посета на југоисточна Франција. На видеото на Твитер се гледа како Макрон се поздравува со група граѓани, а потоа едниот од нив му ја зграпчува подлактицата и му удрира шлаканица. На снимката се слуша монархистички извик и „Долу Макрон!“.

Придружбата на францускиот претседател го опиша инцидентот како „обид“ на човек да му удри шлаканица на Макрон, кој сепак ја продолжил својата посета, како ништо да не се случило, шетајќи и насмевнувајќи се и фотографирајќи се со жителите за време на „Турнејата низ Франција“ за да го „почувствува пулсот“ на неговата земја, по повеќе од една година пандемија.

Набргу по шлаканицата, Макрон го релативизираше нападот како „изолиран“ чин на „ултра насилен поединец“.

Човекот кој му удри шлаканица, беше уапсен заедно со уште едно лице, соопшти обвинителството, додавајќи дека засега не е познат мотивот за нападот.

Шлаканицата беше осудена целата политичка класа на Франција како невиден гест на насилство, но аналитичарите велат дека тоа е показател за „хипер-напрегнатата“ атмосфера во земјата со приближувањето на претседателските избори во 2022 година.