Боите на слободата
18 февруари 2019Реклама
Црната, црвената и златната се националните бои на Германија. Така стои во Уставот на Сојузна Република Германија. Тие беа утврдени уште за време на штотуку формираната Вајмарската Република, на 18 февруари 1919 година непосредно по Првата Светска Војна.
Националните бои на знамето на земјата се симбол за единство, слобода и демократија и влечат корени уште од раниот 15 век и германската селанска војна. Црната, црвената и златната биле боите на отпорот на побунетите селани, подоцна на униформите на германските востаници против француската окупација под водство на Наполеон и конечно на граѓанската револуција во Германија во 1848 година.