Божиќна парада во Минск
26 декември 2018Реклама
Во земјата живеат околу 12 проценти католици, додека преку 80 насто граѓани се православни христијани. Така што Дедо Мраз во земјата има навистина многу работа. Но во делењето на подароци му помага Снегурочка. Станува збор за новогодишен лик од руските приказни, внука на Дедо Мраз, негова постојана помошничка и сопатничка. Двајцата ги имаа и главните улоги во божиќната парада во главниот град на Белорусија, Минск. Што впрочем го докажува и оваа #ФотографијаНаДенот.