1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Божик во поплавена Венеција

24 декември 2019

Божик е време кога би требало да се заборават секојдневните грижи, кога се сонува за поубав свет. Но, во Венеција годинава тоа не е можно - градот е повторно под вода.

https://p.dw.com/p/3VI4s
BdTD Venedig Weihnachtsmann  bei Hochwasser auf Markusplatz
Фотографија: Reuters/M. Silvestri

Овој Дедо Мраз на нашата #ФотографијаНаДенот морал да облече високи чизми за да прошета низ улиците на Венеција. Водата во центарот на градот вчера беше 144 сантиметри над нормалното ниво на морето.  Светското културно богатство на УНЕСКО со недели страда од невообичаено големи поплави, посебно катастрофална беше таа на 12 ноември, кога од солената вода беа оштетени и важни културни објекти.