1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бел Акропол и хаос

СН/агенции
25 јануари 2022

Не само идилични слики, како оваа на прочуениот рид Акропол под снежна покривка. Зимската бура Елпида предизвика хаос не само во Атина туку и во други делови на земјата, вклучително и на некои острови.

https://p.dw.com/p/462Dz
BdTD Griechenland | Akropolis im Schnee
Фотографија: Michael Varaklas/AP Photo/picture alliance

Снежна покривка ноќеска ја прекри целата грчка престолнина, го попречи воздушниот сообраќај и зароби десетици возачи на атинската обиколница. 

Во Атина се запрени железничкиот и автобускиот сообраќај, а затворени се и објектите за вакцинација против Ковид-19 во поширокиот регион од градот и на блискиот остров Евија, соопштија здравствените претставници.

Државните служби, училиштата, продавниците и банките кои не се неопходни во овие две области и на многу грчки острови, вклучувајќи го и Крит, исто така, денеска ќе бидат затворени, бидејќи се очекува студеното време да трае до утре.

Ситуацијата е најдраматична на автопатот Атика Одос, обиколницата околу Атина која го поврзува градот со аеродромот, на кој во моментов стотици возила и натаму се заробени.

Спасувачките екипи во текот на ноќта се бореа да ги ослободат возачите во моментот кога бурата, со име Елпида, ја зафати Грција и ја прекри Атина со дебел слој снег.

Во спасувачката акција учествуваат единиците на копнената војска со тешка механизација и со санитетски возила.