1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Безграничната радост на Лука Модриќ

2 јули 2018

Лука Модриќ, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, беше пресреќен по победата над Данска и пласманот во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство.

https://p.dw.com/p/30eZD
World Cup - Round of 16 - Croatia vs Denmark
Фотографија: Reuters/C. Barria

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација за малку можеше да биде трагична фигура на осминафиналниот меч со Данска. Данскиот голман Каспер Шмајхел успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Лука Модриќ во второто продолжение. Модриќ имаше храброст вторпат да се соочи со Шпајхел во пенал серијата и да постигне гол. Хрватска по победата преку пенал-рулетот од 3:2 се пласира меѓу најдобрите осум екипи на Светското првенство во Русија. Следен противник на „коцкестите“ ќе биде домаќинот Русија. #ФотографијаНаДенот: Лука Модриќ ја слави победата во Нижни Новгород во прегратка со Дејан Ловрен.