1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Бегство од пеколните температури

ЕМФ
25 јули 2019

Рекордот е соборен! Во градот Гајленкирхен, западна Германија, е измерена највисоката температура откако се следат временските промени и висината на температурите

https://p.dw.com/p/3Mgvi
BdTD Wetter Deutschland
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel

Според наводите на Германската метеоролошка слушба, измерени се 40,5 степени Целзиусови. Со тоа е соборен досегашниот рекорд од 5 јули 2015 година од 40,3 степени. Овој вчерашен рекорд може да трае кратко - веќе за денеска се најавени уште повисоки температури. Кој мора да работи - мора, но кој не мора - бара секаков начин да се олади. Јунаците на нашата #ФотографијаНаДенот се капат под малиот водопад во Англиската градина во Минхен.