1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Азурниот брег спроти укинувањето на карантинот

СН/агенции
9 мај 2020

Осамен шетач на прочуената променада на Англичаните во Ница на француската ривиера. Од 17 март во земјата во сила е забрана за излегување поради пандемијата на Ковид-19, која од понеделник постепено ќе биде олабавена.

https://p.dw.com/p/3bxx9
BdTD | Bild des Tages deutsch | Frankreich | Coronavirus| Riviera
Фотографија: Getty Images/AFP/V. Hache

Во Франција, која е една од најтешко погодените земји од коронавирусот во Европа, со денови се намалуваат бројките на починати и на заразени. 

Во последните 24 часа од коронавирусот починаа 178 лица, што претставува пад на бројот на починати во однос на претходниот ден, соопштија синоќа француските власти и додадоа дека од почетокот на епидемијата починале 25.987 лица. Во земјата во средата починаа 279 луѓе.

Францускиот премиер, Едуар Филип, изјави оти почетокот на ублажувањето на мерките на забрана за движење ќе започне од 11 мај во целата земја вклучително и Азурниот брег. Единствено во Париз и во некои други помали  потешко погодени подрачја овие мерки ќе бидат воведени со поинакво темпо.