1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

50 илјади на концерт

СН/агенции
27 април 2021

Толпи луѓе на концерт: По повеќе од една година пандемија ова предизвикува вчудувидување - но пред сè копнеж. Додека на многу места луѓето сè уште се борат со полициски часови, животот во Нов Зеланд е речиси нормален.

https://p.dw.com/p/3scFs
BDTD Neuseeland Konzert Massebveranstaltung Coronafrei
Фотографија: David Rowland/AP Photo/picture alliance

Бендот Сикс60 одржа концерт пред 50.000 фанови во градот Оукленд во Нов Зеланд. Додека ваквата безгрижност се чини невозможна ширум светот поради коронавирусот, животот во островската држава се врати во нормала. На Нов Зеланд се гледа како на пример во справувањето со корона-кризата, поради неговите исклучително строги мерки и прецизно следење на контактите.