1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

50 години од последниот албум на „Битлси“

26 септември 2019

„Битлси“ еден по друг на пешачки премин, а зад нив Фолксваген „бубачка“- фотографија која влезе во музичката историја, а е на насловната корица на нивниот последен заеднички албум, „Abbey Road", издаден пред 50 години.

https://p.dw.com/p/3QGSs
Coverbild von The Beatles "Abbey Road"
Фотографија: picture-alliance/maxppp/Selva/Leemage

Џон Ленон во бел костум, зад него Ринго Стар и босоногиот Пол Мекартни, а на крајот Џорџ Харисон, кому се чини како сеансата со снимањето да му е здодевна - култната четворка на #ФотографијаНаДенот, овековечена од фотоапаратот на Ијан Мекмилан. Иако нешто подоцна, во 1970 година излезе претходно продуцираната плоча  „Let It Be", албумот „Abbey Road", кој се појави на пазарот на 26 септември 1969 година е последниот на поп и рок групата од Ливерпул, формирана во 1960 година, комерцијално најуспешна и критички најпризнат бенд во историјата на популарната музика, со продадени над билион албуми во светот.